петок, 26 јули 2024

РК Вардар го претстави првото засилување за следната сезона

Вардар го промовираше Томче Стојановски како прво засилување за идната сезона, тој по седум години се враќа во матичниот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот ракометар кој игра на бековската позиција се очекува да биде големо засилување пред се во одбраната.

„Потекнувам од академијата на Вардар и секако ми одговара оваа покана. Не се двоумев многу. Ги минав сите младински категории во овој клуб и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието. Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и да играм со моите нови соиграчи“, кажа Стојановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ