Македонскиот ракометар кој игра на бековската позиција се очекува да биде големо засилување пред се во одбраната.
„Потекнувам од академијата на Вардар и секако ми одговара оваа покана. Не се двоумев многу. Ги минав сите младински категории во овој клуб и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието. Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и да играм со моите нови соиграчи“, кажа Стојановски.