Ноќеска Александар Јовиќ ненадејно почина на 51-годишна возраст, македонскиот ракомет загуби голем работник. Тој последно беше тренер на РК Пролет.
„Тинекс Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ.
Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа.
Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.
Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот.
Искрено сочувство до семејството,
РК Тинекс Пролет“, стои во соопштението на клубот.