среда, 23 октомври 2024

Рјабков: Русија можеби ќе мора да распореди нуклеарни ракети поради Западот

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека може да дојде до момент кога Русија ќе мора да распореди нуклеарни ракети како одговор на акциите на Западот, пишуваат руските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потврдувам, ако врховниот командант (на Руските вооружени сили, Владимир Путин), ако нашата армија каже дека ни е потребна специјална муниција на одредени носачи, тогаш тоа ќе биде сторено“, изјави тој за ТВ станицата „Русија 1“, пренесува ТАСС.

„Но, тие мора да ја донесат оваа одлука врз основа на комбинација на фактори и не исклучувам дека може да дојде момент кога тоа ќе биде неопходно“.

Прес-службата на Белата куќа на 10 јули објави дека Соединетите Американски Држави од 2026 година ќе започнат со распоредување на ново оружје со поголем дострел на германска територија од оние што моментално се распоредени во Европа.

На 28 јули, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Вашингтон дека Москва ќе го прекине унилатералниот мораториум за распоредување на оружје со среден и краток дострел доколку американските ракети со долг дострел се појават во Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ