сабота, 27 јули 2024

Ризикот од конфликт меѓу големите сили никогаш не бил поголем, рече шефот на ОН

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека соработката меѓу 193-те членки на организацијата е „срцето“ и „визијата-водилка“ на организацијата и го предупреди Советот за безбедност дека глобалната соработка сега е под најголем притисок од создавањето на Обединетите нации во 1945 година, врз пепелта од Втората светска војна.

Тензиите меѓу големите сили се на „историско високо ниво“, а исто толкав е и ризикот од конфликт „преку случајност или погрешна процена“, рече тој, прво и основно укажувајќи на војната во Украина.

Шефот на ОН и претставниците од западните земји го прекоруваа рускиот врвен дипломат додека тој претседаваше со состанокот на ОН во понеделникот, обвинувајќи ја Москва за кршење на повелбата на ОН со нападот на Украина и со окупацијата на дел од нејзината територија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, одговори бранејќи ги воените дејствија на својата земја и ги обвини САД и нивните сојузници дека ја поткопуваат глобалната дипломатија, основата на Обединетите нации, кои беа создадени за да спречуваат трета светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ