сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Ристовски: Во Парламентот ќе бидеме бедем на македонскиот национален интерес

„На 8 мај секој пред да го заокружи бројот на гласачкото ливче длабоко да размисли кому ќе ја даде довербата во периодот пред нас. Ние како коалиција Храбро за Македонија, ИНТЕГРА, ГРОМ и ПЦЕР најавуваме дека веднаш во македонскиот Парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес“, порача вечерва од Ѓорче Петров, претседателот на ИНТЕРГА и носител на листата во изборната единица 2 на Коалицијата Храбро за Македонија, Љупчо Ристовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Во тие црвени линии ќе бараме владеачките партии и сите останати партии во македонскиот парламент вкчучително и партиите на албанската етничка заедница и на останатите малцински етнички групи да го потврдат македонскиот идентитет, да ја потврдат македонската државност, да ја потврдат државотворноста на македонскиот народ во татковината Македонија“, рече Ристовски.

Со таа семакедонска резолуција во Парламентот, рече Ристовски, Брисел ќе мора да сфати и да прифати дека тој македонски пркос, таа македонска ревност за македонското во Македонија ќе мора да биде основата на која ќе се водат идните преговори со Брисел.

„Дали тоа ќе го прифати Бугарија или не, тоа не зависи од нас. Ќе бараме македонско национално единство по тоа прашање, ќе бараме согласност од сите политички партии кои се прегрупираат за коалиција на власт, ако тие ја сакаат и ја почитуваат татковината Македонија, ако се лојални граѓани на Македонија, тогаш ќе мора да застанат рамо до рамо со македонскиот народ во неговите барања за сочувување на македонскиот национален идентитет во преговиорите со Брисел“, рече Ристовски.

Тој упати порака до граѓаните да не подлегнуваат на лагите дека доколку Македонија не прифати промена на Уставот гогаш ќе запрат преговорите со Брисел.

„Не. Ние ѝ сме потребни на Европската Унија и Брисел исто толку колку што тие ни се потреби нам. Ако Европа ја донесеме дома, ако го качиме стандардот на населението и квалитетот на животот со сите оние генерални цели и приоритети што ги нуди ИНТЕГРА како дел од Коалицијата Храбро за Македонија, ако сите ги прифатиме мерките и инструментите на владините политики и стратегиите и владините политики кои ги нудиме ние со програмската платформа на овие избори, тогаш Македонија за брзо ќе отвори нов економски инвестициски циклус, ќе го крене стандардот на населението, ќе го крене квалитетот на животот, новосоздадената вредност на ниво на годишен бруто домашен производ ќе биде мултиплицирана во периодот пред нас“, порача Ристовски.

Тој на гласаќите уште им порача добро да размислат за кого ќе гласаат на 8 мај и ги повика да гласаат за бројот 3, затоа што со тоа, рече Ристовски неговата коалиција ќе има политичка моќ во Парламентот за да биде бедем и бастион на македонскиот национален интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ