сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Ристовски: Приватни инвестициски фондови ќе го ослободат финансискиот сектор

ИНТЕГРА и коалицијата Храбро за Македонија ќе го отворат пазарот за слободна финансиска зона на потегот Скопје-Охрид-Струмица за приватни инвестициски фондови, изјави денеска претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата во изборната единица (ИЕ) 2, упчо Ристовски.

 

Објавено на

часот

Сподели

Поголемиот дел од капиталните инвестиции наместо да служат за корупцијата на властите, на премиерот, на вицепремиери и министри, ќе ги ставиме во служба на населението освен за оној егзистенцијален инфраструктурен минимум кој е потребен во секоја држава во мали рурални средини, патишта, водовод, канализација, да не газат луѓето кал, ветува Ристовски.

„Поголемиот дел од тоа треба да оди партнерски со народот, со крупниот бизнис но и со микро малите и средни претпријатија. Станува збор за потенцијал од околу 700 милиони евра на годишно ниво кои мора да се стават во функција партнерски со народот. Наместо да бидат депозити во банките, тие пари коишто граѓаните сакаат да ги штедат да им се дозволи да ги даваат во акции на меѓународна берза и меѓународен план за тоа што профитите и богатството од тој дел ќе доаѓа повторно во Македонија“, образложи Ристовски.

Според економската политика на коалицијата, капиталните инвестиции во посебен македонски инвестициски фонд ќе бидат основа за докапитализација на фондот од овие приватни инвестициски фондови во предвидената слободна финансиска зона од сите приватни инвестициски фондови коишто ќе дојдат во неа и ќе бидат оданочени со нулта стапка на оданочување.

„Ова е гаранција дека во Македонија ќе дојдат милијарди долари во слободната зона, долари коишто ќе бидат на располагање на крупниот капитал, на малиот и среден бизнис во Македонија, да црпат евтини финансиски средства, тоа е конкуренција на банкарскиот сектор, така ќе ја отвориме солвентноста на бизнисот во Македонија. Тоа е нашиот проект за 50.000 микро, мали и средни прептријатија на кои државата ќе сподели дел од капитални инвестиции од својот буџет. Секое семејство ќе добие подадена рака од државата за да може да стане партнер на државата во овој инвестициски фонд, до пет години државата ќе мора да се ослободи од тие средства, а секоја година ќе правиме докапитализација со нови капитални инвестиции и секоја година ќе се прави докапитализација со нови вложувања во приватните инвестициски фондови во фондот“, рече Ристовски.

Според планираното, овој инвестициски фонд ќе прерасне во фонд, кој ќе учествува на јавни тендери за изградба на хидроцентралите Чебрен, Галишта, Бошков мост, за Вардарска долина, за гасификација на Македонија, за коридорите 8 и 10, за новата рафинерија близу Беласица, за Македонија соларен парк, за Македонија којашто ќе произведува зелен хидроген.

„Тоа значи дека третиот бран алтернативни извори на енергија е хидрогенот кој ќе стане основа на Македонија затоа што Солунска Глава како втор басен во Европа по издашност на вода и Галичица како трет во Европа е огромен ресурс. Македонија може да ги задоволи потребите на Европа за енергија и да го премостиме јазот што се случи со руско-украинскиот конфликт. Ова се нови иновативни решенија во енергетскиот сектор, така што овој инвестициски фонд може да стана моќен во еден буџетски циклус од 4 години, може да надмине 20 до 30 милијарди долари капитал кој ќе биде на располагање на сиот бизнис“, изјави Ристовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ