петок, 18 октомври 2024

Ристовски: Парите на граѓаните се злоупотребени, салата во Неготино е катастрофа (ФОТО)

Министерот за спорт, Борко Ристовски беше во посета на спортската сала „Младост“ во Неготино со цел да види како биле потрошени парите за објектот за кој е запишано дека е реновиран.

Објавено на

часот

Сподели

Ристовски вели дека документацијата и она што е во реалноста се две различни работи, салата е во катастрофална состојба.

„Вчера бевме во инспекција на спортската сала ,, Младост’’ во Неготино, која според проектната документација е ,,реновирана’’, но реалноста на терен е сосема друга !!!
Кровната конструкција која се води како реновирана всушност прокиснува, соблекувалните кои што исто така се водат како реновирани се апсолутно неупотребливи … Подот во салата кој се води како реновиран е неупотреблив.
Со една реченица, апсолутна катастрофа !!!
Јас како министер сакам да најавам дека ваква злоупотреба на јавните средства од парите на граѓаните нема да дозволам и ќе поднесам кривични пријави за сите чинители во овој процес!!!“, напиша министерот Борко Ристовски на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ