сабота, 27 јули 2024

Ристовски: Нема време за објаснување, нè чека меч за два дена

Објавено на

часот

Сподели

„Нема многу што да се каже по овој натпревар – трет ваков на кој ни фали среќа. Но нема многу време за размислување и објаснување, зашто за два дена нè чека нов натпревар, кој ќе биде уште потежок, само се надевам дека ќе имаме ваква поддршка и на понатамошните средби. Сите сме свесни дека ниеден противник не нè надигра, факт е дека сме квалитетни, но недостига само среќа. Концепцијата на одбраната беше добра, но играч од типот на Хансен може да ги измеша сите работи, тој е најдобриот лев бек во светот. Честитки за Данска, да се вратиш по 6 гола негатива е голема работа“, вели Ристовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ