вторник, 28 мај 2024

Ристовски: Наместо јадење бифтеци, министрите сами да си плаќаат од џеб

Коалицијата „Храбро за Македонија“ ја почна кампањата за парламентарните избори во скопската населба Ченто од каде повика на гласање за претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на 24 април и гласање за коалицијата на 8 мај. На митингот говореше лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски кој одговрајќи на прашања најави зголемување на сите пензии кои се под 25.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме иновативно решение за пензионерите, тие што примаат пензии по пензионерско семејства под 25.000 денари ќе бидат таргетирани како ранлива категорија на неселение, и тука државата ќе мора да реагира со мерки на социјална политика. За тоа има доволно во буџетот. Ќе се замрзнат сите несуштински трошења, сите набавки на бироа, на опрема на автомобили на репрезентации, на јадење бифтеци и лешници по канцеларии, секој министе ќе го плаќа кафето од својот џеб. Државата не треба да жали средства за пензионерите, мора да имаат пристоен и квлитетен живот“, кажа лидерот на ИНТЕГРА.

Тој најави и промена на даночната политика, на прашање на еден од присутните на собирот велејќи дека Владата на оваа држава мора да биде рационална и оринетирана кон луѓето, дека  „државата е формирана со наша согласност која треба да ни служи нам“.
„Тоа значи ниски даноци, нашата коалиција која во програмата нуди ниски даноци, намалување на даночните стапки, нуди регресивни стапки за крупниот бизнис, тоа значи колку повеќе заработуваат, стапката ќе се намалува, освен за монопилите или за оние кои можат да загрозат некоја ранлива категорија населние.  Ќе има нулта стапка на оданочување за високо интелектуален  труд, како што се иновациски и информатички знаења и умеења и вештини кои се ретки на пазарот“, рече Ристовски.

Лидерот на ИНТЕГРА на почетокот на митингот, пред жителите на Ченто укажа дека името што го носи оваа наслеба не смее да згасне.

„Ние денешната генерација Македонци не смееме меморијата на Ченто да ја згаснеме , таа е во нашата крв. Чист и искрен Македонец,  за кој не се тепаат ниту Бугарите ниту Грците зошто знаат дека бил вистински Македонец кој се борел за државотворноста на македонскиот народ во татковината Македонија. Ако денеска би бил жив тој сигурно ви тагувал заради оваа состојба во Македонија, зашто сега е омаловажена, сите ние заедно сме омаловажени и обезвреднети“, рече Ристовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ