сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Ристовски: Ќе го менуваат Уставот и нема да има 20 отсо за јазикот? Прашајте ги ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

„Барајте јасен и експлицитен став и од ВМРО-ДПМНЕ и од  ЗНАМ што ќе се случи со Уставот, барајте одговор од тие коалициски партнери кои веќе најавуваат дека ќе бидат партнери во власта и отворено говорат дека веќе е потпишан договор дека во рок од шест месеци ќе се промени македонскиот Устав согласно барањата на албанскиот екстремизам“, изјави денеска пред граѓани во Куманово, Љупчо Ристовски, носител на листата во ИЕ 2 на коалицијата Храбро за Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Прашајте ги дали ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа тој нивен став, дали ЗНАМ го прифаќа тој нивни став дека формулацијата за јазикот – 20 отсто што го говарат малцинските етнички заедници, треба да исчезне од Уставот“, рече Ристовски и нагласи дека секој граѓанин пред да гласа на 8 мај треба добро да размисли кому ќе му ја искаже довербата.

„Треба да каже дали навистина е потпишан договор со албанскиот екстремизам од албанската опозиција дека Уставот мора да се смени во рок од шест месеци па тие јавно најавуваат дека веќе се имаат договорено и дури дека тие се гарантот дека Уставот ќе биде сменет во рок од шест месеци. Дали со ова се потврдуваат сите сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има потпишано и се има согласено за промена на Уставот. Дали ВМРО-ДПМНЕ и партијата ЗНАМ се имаат согласено за укинување на одредбата од 20% од јазикот, дали тие добро знаат што тоа значи“, рече Ристовски.

Тој додаде дека како професор на политички науки вели дека одредницата 20% јазик кој што го говори малцинска етничка заедница ја ема во уставната одредба и дека тоа значи дека веќе е двојазична Македонија.

„Тоа значи дека веќе е згаснат унитарниот карактер на Македонија. Дали членството кое гласаше и за ВМРО-ДПМНЕ и за ЗНАМ се свесни за овој факт и за овој момент? Оттука, пораката е дека мора секој од вас да размисли длабоко кому ќе ја даде довербата во среда на 8 мај. Ние како Интегра, македонска конзервативна партија како дел од коалицијата Храбро за Македонија каде се и ГРОМ и ПЦЕР, имаме јасен, јавен и експлицитен став дека не смее да има ниту педа поместување од оската на којашто стои Уставот на Република Македонија, а тоа е државотворноста на македонскиот народ, унитарниот карактер на македонската држава и македонскиот народ да ја дефинира својата држава како круна на вековна борба за национална слобода и за своја држава. Оттука нашиот став е јасен дека не смее да има промена на Уставот по ниту едни уцени, закани и притисоци и потреба да се дојде на власт по секоја цена. Потребно е сите притисоци од екстремизмите од албанската опозиција да се стават на страна и да се пружи силен отпор во дадениов момент. Но гласачкото тело треба да се запраша дали тоа навистина така и ќе биде?“, нагласи претседателот на Интегра.

Тој нагласи дека коалицијата Храбро за Македонија истакнува дека целиот македонски идентитетски корпус по сите црвени линии на македонскиот национален интерес во татковината Македонија мора да бидат затворен еднаш засекогаш и тоа да биде оската на којашто ќе се движат преговорите со Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ