Вчера Динамо Загреб загуби на свој терен од Викторија Плзен во меч од третото коло во Конференциската лига.
Во групата Ц по три одиграни кола Викторија е прва, а по три бода имаат Динамо Загреб, Балкани и Астана.
„Кога нема да постигнеш гол, ќе примиш. Рековме дека не треба барем да примиме гол. Им се извинувам на навивачите на Динамо за лошите резултати во последно време. Мора да се освестиме дека го носиме дресот на Динамо. Мора да го оправдаме“, вели Ристовски.
„Викторија Плзен е европски тим кој знае како да игра на вакви натпревари. Не бевме изненадени од тоа. Мораме да се подобриме за следните натпревари. Мислам дека првото место е загубено, но би било тажно ако не продолжиме понатаму“.