Во големо интервју за „Вечерни лист“, Стефан Ристовски беше прашан и за македонската репрезентација. Капитенот призна дека не му е сеедно.
„Тоа ми е навистина ново, малку чудно, доаѓа пауза и мене веќе во главата ми е пат на натпревар со репрезентацијата, а сега се е мирно. Сега сум само играч на Динамо, сакам да му се посветам на Динамо и добро ми дојде одморот. Се случија некои работи во репрезентацијата, но не би сакал да зборувам за тоа“, вели Стефан Ристовски.