четврток, 19 септември 2024

Ристовски, Адеми и Динамо непријатно изненадени од Баерн: Можете само да се сликате на „Алианц“ (ФОТО)

Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа непријатно изненадени од Баерн Минхен, им било забрането да тренираат на „Алианц Арена“ и можеле само да направат по некоја фотка долу на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Динамо Загреб вечерва му гостува на Баерн во првото коло во Лигата на шампиони. Експедицијата на „модрите“ синоќа пристигна во Минхен, но членовите на шампионот на Хрватска биле прилично изненадени од потегот на домаќините.

„Баварците“ не дозволиле да се тренира на „Алианц Арена“, на Стефан Ристовски, Аријан Адеми и останатите им било дозволено само по патики да излезат на теренот и да направат по некоја фотка.

Баерн Минхен се решил на еден ваков непопуларен чекор поради очајната состојба на тревата поради натпреварите на Европското првенство.

Биле направени две санции, но лошите временски услови спречиле значително да се подобри квалитетот на теренот, па за да се избегне полошо сценарио, Германците забраниле тренинг на Динамо Загреб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ