Акцијата на ВЕРО денеска беше поздравена од Министерството за економија и труд, а заменик министерот Марјан Ристески заедно со директорот Петар Денковски, денеска го посетија маркетот на ВЕРО во Тафталиџе.
„Сакам да ја поздравам оваа кампања на ВЕРО маркети, како и нивната одлука да не ги покачуваат цените на производите кои беа опфатени со новогодишната кошница, со што се дава придонес за стабилизирање на цените на основните производи, во корист на потрошувачите и на граѓаните. Апелирам до сите производители, добавувачи и маркети да го следат овој позитивен пример и да ја покажат нивната општествена одговорност, да не ги покачуваат цените на производите од новогодишната кошница, како и да не ги покачуваат цените на останатите основни производи“, порача Ристески преку социјалните мрежи.