Тој посочи дека на подолг рок со овој закон ќе има поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите и граѓаните, заштита на животниот стандард.
„Од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос и пред се на маркетите. Деновиве се докомплетира КЗК со пет нови членови, коишто беа изгласани во Собранието на Република Македонија. Тие ќе бидат главниот контрол на сите овие договори. Договорите завршија до 28 септември, дадовме еден мониторинг период до 1 јануари, каде што ги пратиме сите случувања, кои се случуваат имаме различни дојави и одредени проблеми околу поврат на роба во маркетите, некаде дури се појавуваат и двојни ценовници имаме како информација“, вели Ристески.
Тој истакна дека укажуваат по Нова година казнените мерки се големи и треба да внимаваат трговците и сите оние коишто ги склучуваат овие договори.
„Казните се некаде околу 20.000 евра, што не е малку како да речеме за нефер трговски практики“, изјави Ристески.
Прашан за зголемените цени на производите во супер маркетите и новата потрошувачка кошничка, Ристески истакна дека трговците, производителите, супер маркетите, бизнис заедницата ветија пред целата јавност дека ќе ја поддржат акцијата, која произлегува од нив, со што ќе има намалување најмалку 10% на основните прехрамбени производи во Новогодишната кошничка. Заменик министерот за економија, Ристески истакна дека најголем мониторинг за оваа мерка се граѓаните, кои доколку забележат неправилности можат да се јават и реагираат.
„Јас би порачал до трговците, но и до производителите, кошничката има 1.100 производи, меѓутоа имаат време и период до крајот на неделата, доколку има неправилности да ги исправат, да ја намалат цената на прехрамбените производи, пред сѐ за граѓаните. Сметаме дека се сѐ уште општествено одговорни фирми, кои го ветија тоа пред народот, посебно во одредени производи, како што се маслото за јадење, шеќерот, млечните производи, како што е кашкавалот, сирењето, месните производи, месото, како што е јунешкото свинското месо, јајцата и тоа да го направат и имаат време до крајот на неделата“, рече Ристески.
Тој додаде дека доколку тоа не го сторат во тој случај Владата во наредниот период ќе донесе уште подрастични мерки, а главната цел им е штитење на стандардот на граѓаните.