сабота, 27 јули 2024

Ринг за крвави борби со кучиња

Објавено на

часот

Сподели

Според здружението истите лица организирале борби со кучиња во кампот Андон Дуков, а вакви борби се организирале и по струшките и тетовските села.

На фотографиите објавени по социјалните мрежи организаторите се фотографираат со пехари, со раскрварени кучиња…

г

„Се прекршуваат низа законски одредби, но некои имаат ‘привилегија’ да бидат над законите и да се закануваат на оние кои ги почитуваат законите. Локацијата е добро позната и на полицијатаКутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања“, соопшти Лајка.

Остро реагираа и од Анима мунди кои велат дека се сведоци на илјадници вакви грозоморни настани во кои многу животни го загубиле животот давејќи се во сопствената крв, а за кои институциите не регираат. И тие бараат од МВР итно да ги санкционира сторителите.

ј

„Дел од кучињата кои овие злосторници ги користат и не се ‘квалификуваат’ за умоболните дејства на кои се приморувани или завршуваат на улица или се немилосрдно убиени од страна на нивните сопственици. Низ годините сме сведоци како ваквиот калибар на злосторници јавно по социјалните мрежи објавува видео записи и фотографии од борби, отворено и како да не се прекршуваат низа закони објавува настани од ваков тип со точна локација и датум.“

ј

Полицијата поднела пријава против 45 маж од Зајас, кој се сомничи дека минатиот месец организирал борби со кучиња во атарот на село Букојчани. За последниот случај за кој реагираа здруженијата, од МВР нема детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ