петок, 18 октомври 2024

Римски воени логори од пред 2.000 години откриени во Арапската Пустина

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачите од Универзитетот Оксфорд посочуваат дека логорите би можеле да послужат како доказ за походот на Римјаните во Набатејското Кралство – југоисточен Јордан и денешна Саудиска Арабија во 106. година. Д-р Мајкл Фредли е прв кој ги идентификуваше логорите.

„Речиси сме сигурни дека тие биле изградени од римската војска, со оглед на типичниот облик на постројката како „карти за играње“ со спротивставени влезови долж секоја страна. Веројатно, логорите биле изградени како одбранбени утврдувања додека Римјаните ги освојувале арапските земји. Камповите биле користени само неколку денови или седмици“, објасни д-р Фредли.

Друг воен стручњак за римскиот период, д-р Мајк Бишоп смета дека овие логори се доста „спектакуларно ново откритие“ за Римската Империја.

„Ова е важен нов увид во римските походи во Арабија. Римските утврдувања и градби покажуваат како Рим држел една провинција, но привремените логори откриваат како на прво место ја стекнувале истата“, додаде историчарот.

И проф. Ендрју Вилсон, кој исто така, има удел во написот во списанието „Антиквити“ (Antiquity), верува дека фактот што повеќето западни кампови се многу поголеми од другите, кажува многу за природата на овие воени походи.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ