сабота, 21 декември 2024
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мирот

РИКО: Над 70 отсто од младите го поддржуваат мирот

Над 70 отсто од младите ја поддржуваат регионалната соработка, а над 60 отсто се согласуваат дека она што ги зближува граѓаните на Западен Балкан е поважно од тоа што ги раздвојува, покажало истражувањето на Балкан барометар 2023, соопшти Регионаната мрежа за млади (РИКО).

Објавено на

часот

Сподели

На Меѓународниот ден на мирот, велат од РИКО, Ова е значаен потсетник дека конфликтите никогаш не можат да се решат преку насилство, туку исклучиво преку дијалог и меѓусебно почитување.

„Регионалната соработка и вмрежувањето, почитта и разбирањето се клучни фактори за креирање на мирна иднина. Владите и општествата од Западен Балкан мора континуирано да соработуваат и инвестираат во изградба на попросперитетна и безбедна иднина за сите млади, иднина која се гради врз вредностите на толеранција, доверба и почит. Според Балкан барометар 2023, 76 отсто од младите на возраст од 18 до 24 години ја поддржуваат регионалната соработка, а 67 отсто од нив се согласуваат дека она што ги зближува граѓаните на Западен Балкан е поважно од тоа што ги раздвојува“, велат од РИКО.

Оттаму велат дека одржлива мирна иднина се создава кога младите ќе се вклучат директно во процесите на одлучување и ќе им се овозможи да придонесат за просперитетот на нивните заедници.

„На младите мора да им се даде поголем простор во одлучувањето и политичките процеси за да работат на зајакнување на помирувањето, соработката и стабилноста на регионот. Бидејќи тие имаат многу креативни идеи, позитивен дух и енергија ослободени од предрасуди и стереотипи кои го движат општествениот прогрес. Студиите за младите, вклучително и студијата на РИКО, Заедничка иднина покажуваат дека младите во регионот споделуваат многу заеднички карактеристики, еден на друг гледаат со доверба и љубопитност, иако понекогаш со претпазливост“, велат  од РИКО.

Генералното собрание на Обединетите Нации, во 1999 година ги постави вредностите потребни за култура на мирот. Оваа година се одбележува 25 годишнината од усвојувањето на Декларацијата и Програмата за акција на култура на мирот, а годинешната тема е „Негување на мирот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ