сабота, 27 јули 2024

Рикер за Ал џезаира: Хашката одлука поттик за решение за името (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Веќе е речено дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО откако ќе го реши проблемот со името. Ова е одговорот на Филип Рикер, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, во интервјуто за телевизиската станица Ал џезаира.

На прашањето на новинарот на балканската редакција на Ал џезаира колку блиску е решението за името по пресудата во Хаг, Рикер одговара:

„Се надеваме дека таа одлука ќе им даде нов поттик на двете држави, Македонија и Грција, да ги оживеат своите напори и заедно да најдат решение. Би било навистина убаво за двете држави, за регионот и за сите нас кога би можело тоа прашање да се реши и кога Македонија би можела да напредува кон членството во НАТО, а тоа САД сигурно би го поддржале“.

„Како планирате да им помогнете да го решат овој спор?“

„Тоа е спор помеѓу Македонија и Грција и тие треба да го решат тоа“.

„Немате намера да посредувате?“

„Процесот на посредување оди преку ОН. Амбасадорот Метју Нимиц е способен и трпелив дипломат. Тој им е на располагање на двете држави, и ние ги повикуваме двете држави да го искористат тоа и да ги удвојат своите напори за да најдат решение. Секогаш веруваме дека решение може да се најде и дека е тоа од интерес и за двете држави и за регионот“.

„Колку е демократска власта во Скопје?“

„Ако прашувате како тоа влијае на проблемот со името, тоа е работа на двете држави како ќе го решат овој проблем. Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се истакнуваат неколку работи што даваат причина за загриженост – слободата на медиумите, судскиот систем и владеењето на правото. И ние ја делиме таа загриженост за овие прашања исто како и македонскиот народ. За овие работи се расправа отворено. Во тоа и самиот се уверив од прва рака. Ние ја делиме таа загриженост и ги охрабруваме македонското општество и македонската влада да ги решат овие прашања. На тоа повикува и ЕК“, вели Филип Рикер во интервјуто за Ал џезаира.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=bf0alsD2tl8]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ