сабота, 19 октомври 2024

Рикер: Смеам да навивам за Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Рикер се радуваше на головите на Лазаров

Облечен во македонски ракометен дрес, Рикер со неговата сопруга во друштво на Живко Мукаетов, првиот човек на компанијата „Алкалоид“, се радуваше на секој постигнат гол на Кире Лазаров, со кого ги врзува пријателство, и на неговите соиграчи.

„Смеам да навивам за македонската репрезентација. Јас сум задолжен за Балканот, а Македонија е дел од него поради што секогаш и секаде ја има мојата поддршка. Ова секако е голема можност за спортската дипломатија, навивачите да се дружат заедно и да се покаже ентузијазмот за спортот“, со насмевка на лицето изјави Рикер за новинарите на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Рикер е познат како голем симпатизер на македонските национални селекции. Додека беше амбасадор во Скопје, беше присутен на голем број настапи, како на ракометарите, така и на кошаркарите на Македонија. По мечот тој замина на прослава заедно со македонските ракометари честитајќи им на големиот успех и пласманот во следниот круг.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=k-nDnad9-68]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ