сабота, 27 јули 2024
Поранешниот амбасадор во Македонија

Рикер: САД инвестираа во реформите во земјава и сакаат да видат резултати од таа инвестиција

Објавено на

часот

Сподели

„Луѓето се фрустрирани и незадоволни од напредокот во однос на корупцијата. Овде не се работи за партии, ова е за одлуки на земјата во целина. Сите треба да кажат дека ќе го промениме ова. САД го поддржаа тоа“, изјави Рикер во гостување во дневникот на ТВ Сител.

Тој додава дека САД инвестираат во реформските напори преку најразлични програми за да ги помогнат судските реформи, за што изминативе години вложиле нешто над 560 милиони долари.

„Тоа е инвестиција и сакаме да видиме резултати од таа инвестиција. Користа од таа инвестиција би требало да биде за сите луѓе на Северна Македонија да може да се чувствуваат покомотно во својата работа. Ние имаме вакви дебати во САД, имаат и другите земји, но вие сите заедно мора да направите напор за да видите промени и поинаков пристап“, истакна Рикер.

Во однос на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10д, Рикер нагласува дека постојат процеси и процедури што се пропишани со закони, правила и регулативи за реализација на вакви проекти.

„Лично не ги знам во детали, но тоа треба да биде легитимниот тест за овој случај. Јас знам дека инфраструктурата е важна и ова го слушам со години, но ајде да реализираме некои од овие проекти“, порача Рикер, додавајќи дека се сеќава оти за нив се разговарало уште кога бил амбасадор во Скопје, а и кога дошол првпат во земјава во 90-те години на минатиот век.

Тој порача дека треба да се следи владеењето на правото и процедурите и да се направи она што е неопходно за да се оствари напредок во реализацијата на овие проекти.

Говорејќи за евроинтеграцискиот процес, Рикер нагласи дека САД веруваат оти Македонија треба да стане членка на ЕУ.

„Тоа не е решение само за земјата, туку и за целиот регион на Западен Балкан, каде што треба да има демократски држави силно поврзани преку институциите на евроатланската безбедност, вклучувајќи ја и Унијата. Се надевам дека тој процес ќе се придвижи напред. Клучно е да се искористи можноста во процесот и да се направат реформите што се потребни, да се фокусирате на економската корист и од таму треба да бидете цврсто во Европа“, додаде Рикер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ