Рикер и Груевски освен за последната рунда преговори за надминување на спорот со името во Њујорк, разговараа и за пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг и за нејзиното значење во процесите на интеграцијата на нашата земја во евроатлантските структури.
Тема на разговорот биле и пријателските односи што постојат помеѓу двете земји и што се развиваат во духот на Договорот за стратегиско партнерство, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
На средбата се разговарало и за реформските процеси и постигнувања на земјата.