петок, 18 октомври 2024

РФМ со милион денари ги награди младите ракометари за 9. место на ЕП

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека определила парична награда за младинската репрезентација од еден милион денари за освоеното 9. место на Европското првенство во Словенија за играчи до 20 години.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари имаа одличен настап, само еднаш загубија во осум меча, го освоија деветтото место на турнирот. Во дуелот за пласман на херојски начин ја совладаа Франција и ги освоија симпатиите на јавноста.

РФМ извести дека Управниот одбор донел едногласна одлука за награда на нашите млади ракометари.

„Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 22.07.2024 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката младинска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на Men’s 20 EHF EURO 2024 шампионатот во Словенија“, стои во објавата на РФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ