недела, 16 март 2025

РФМ побара, но ЕХФ не дозволи да се одложи мечот меѓу Словенија и Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) побара одложување на мечот против Словенија по големата трагедија која се случи во Кочани, но Европската ракометна федерација (ЕХФ) немаше слух за тоа и го одби барањето.

Објавено на

часот

Сподели

ЕХФ не дозволи одложување на квалификацискиот меч меѓу Словенија и Македонија кој се игра во рамките од квалификациите за Европското првенство.

„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, соопшти РФМ.

Натпреварот треба да се игра вечерва од 18:30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ