Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, првите три одат во втората фаза каде ќе вкрстат со најдобрите три од групата во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.
Ракометната федерација на Македонија и Владата одлучија да ги мотивираат ракометарите со премија за секоја победа на Мундијалот. Тие ќе поделат по два милиони евра за секој триумф.
Првенството го почнуваме на 15 јануари со меч против Унгарија, два дена подоцна играме со Холандија, а првата фаза ја завршуваме на 19 јануари против Гвинеја.