Македонските ракометари во недела на 12. мај со почеток од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го почнат бараж дуелот со Фарските острови за пласман на СП. Четири дена претходно ние им гостуваме на нив.
РФМ денеска во продажба ги пушти влезниците за натпреварот, а тие се со популарни цени од 200 и 300 денари.
Картите ќе се продаваат онлајн на „МК Тикетс“ и преку нивната продажна мрежа.