Како Албанци се изјасниле 4,97 отсто од граѓаните (30.978), како Руси 2,06 отсто (12.824, а како муслимани 1,63 отсто (10.162).
Според полот, во Црна Гора живеат 49,2 отсто мажи и 50,8 отсто жени, покажуваат резултатите на пописот. Просечната старост е 39,7 години.
Државјанство на Црна Гора имаат над 93 отсто од граѓаните. Вкупно се попишани 667.650 лица.
Не сакале да се изјаснат 2,88 отсто од граѓаните или 17.907. Ова го соопшти Управата за статистика Монстат на конференција за медиумите, пишува Вијести.
Пописот е реализиран од 3 до 28 декември минатата година, откако неговиот почеток беше повеќе пати одложуван поради барања на опозицијата и малцинствата да се исполнат одредени услови за негово спроведување.
Според прелиминарните резултати на пописот, во Црна Гора живеат 623.158 жители, што е два отсто повеќе од 2011 година.
Според резултатите на пописот, најмногу жители на Црна Гора зборуваат на српски јазик, 43,18 отсто (269.307). Следува црногорскиот јазик кој го зборуваат 34,52 отсто (215.299), а на трето место е босанскиот, со 6,97 отсто, соопшти Монстат.
Најмногу жители на Црна Гора се изјасниле дека се православни христијани – 71,10 отсто (443.394). Потоа следат припадниците на исламската вероисповед со 19,99 отсто (124.668), додека католиците се 3,27 отсто од населението (20.408). Како атеисти се изјасниле 2,29 отсто од попишаните (14.260), а не сакале да се изјаснат 2,10 отсто (13.093), објави Монстат.