сабота, 27 јули 2024

Резолуцијата за Балканот повторно е во Сенатот на САД

Објавено на

часот

Сподели

Демократската сенаторка Џин Шахин, од Комитетот за надворешни работи и претседавач со Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка, ја обнови двопартиската предлог-резолуција, заедно со републиканскиот сенатор Роџер Викер и колегите демократи Бен Кардин, Дик Дурбин и Крис Ван Холен, за промовирање на соработката со регионот на Западен Балкан.

Нацрт-резолуцијата, која за прв пат беше претставена во август минатата година, ја поддржува демократската стабилност и економскиот развој во регионот преку иницијативи за инфраструктурата, трговијата и борбата против корупцијата, вклучително и санкции за одвраќање на актерите од спроведување дестабилизирачки активности.

Нацрт-резолуцијата, исто така, се стреми да ја подобри американско-балканската соработка за сајбер-безбедноста, како резултат на малигните напори на Иран и Русија насочени кон земјите од Западен Балкан.

„Одржувањето на мирот и зајакнувањето на демократијата на Балканот е од клучно значење за европската безбедност и стабилност, особено додека беснее Путиновата војна во Украина. Оваа двопартиска предлог-резолуција ќе ги зајакне трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, ќе помогне во искоренувањето на корупцијата, ќе овозможи воведување санкции против дестабилизирачките актери и ќе испрати силен двопартиски сигнал дека САД им се посветени на нашите партнери во регионот“, рече сенаторот Шахин.

Сенаторот Викер нагласи дека „руската брутална инвазија на Украина ја нагласува важноста на балканските партнерства.“

„Усвојувањето на оваа резолуција ќе послужи како јасна, двопартиска изјава за посветеноста на Соединетите Држави за зајакнување на нашите дипломатски партнерства во регионот“, смета Викер.

Што предвидува предлог-резолуцијата?

* Воспоставува иницијатива за регионална трговска и економска конкурентност, која би ја поддржала демократијата, економскиот развој и просперитетот во регионот.

*Воспоставува антикорупциска иницијатива, која ги охрабрува Стејт департментот и државниот секретар да обезбедат техничка помош за секоја земја од Западен Балкан во развојот на национална антикорупциска стратегија.

*Кодификува две извршни наредби на САД што би овластиле санкции против оние што го загрозуваат мирот и стабилноста на Западен Балкан и кои се впуштаат во коруптивно однесување.

*Поттикнува универзитетски партнерства и младински иницијативи, го поттикнува ангажманот на Мировниот корпус во регионот и бара од Развојната финансиска корпорација да отвори претходно најавена канцеларија во регионот.

*Ја препознава критичната улога на сајбер-безбедноста во заштитата на критичната инфраструктура и спротивставувањето на злонамерните активности, вклучително и од Русија и Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ