сабота, 27 јули 2024

Резников: Украина нема да користи касетни бомби на руска територија

Објавено на

часот

Сподели

Резников на Твитер напиша дека касетната муниција ќе помогне да се спасат животите на украинските војници, најавувајќи дека Украина ќе води строга евиденција за нивната употреба и ќе споделува информации со партнерите.

Резников рече дека армијата нема да користи касетна муниција во урбаните средини, туку само за пробивање на непријателските одбранбени линии.

Британскиот премиер Риши Сунак рече дека Обединетото Кралство е дел од конвенцијата што забранува производство или употреба на касетна муниција, нагласувајќи дека не ја поддржува нејзината употреба.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против илегалната и неиспровоцирана руска инвазија. Но тоа го правиме со обезбедување борбени тенкови и најновото оружје со долг дострел“, додаде тој.

Конвенцијата за забрана за производство, складирање, продажба и употреба на касетна муниција, поради опасноста што неексплодираните бомби ја претставуваат и по завршувањето на конфликтот, ја потпишаа 123 земји, но ниту САД ниту Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ