вторник, 21 мај 2024

Режим на сообраќај од надвозникот кај Маџари до Белви и на патот Прилеп – Битола

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април 2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Времена измена на режим на сообраќај има на регионалниот пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект за санација на патот кај мост на реката Шемница на државниот пат Р1101 и тоа од 27 март 2024 сѐ до завршување на градежните работи.

На 26 март 2024 година од 14:15 часот воведена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот, 300 метри после надвозникот Маџари до клучка кај Белви за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200 метри сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за потоа во должина од 1.500 метри целиот сообраќај да се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ