недела, 27 октомври 2024

Ревизија и на проектот за автопат од Скопје до Блаце

Oд предвидените 14 километри автопат од Скопје до Блаце, готови се само два, а за преостанатите 12 километри техничката документација е речиси невозможна. Трасата оди низ планина шест километри и ако ова е изводливо, тогаш ќе чини многу повеќе од предвиденото. Ревизијата на овој проект е веќе закажана за наредниот месец, изјави денеска Александар Николоски, министерот за транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако не, тогаш ќе се подготви нов проект, а првите два километри треба да бидат пуштени во рок од два месеца, иако во моментов никаде не се поврзани. Што се однесува до Коридорот 8, на истиот се работи и се очекува до крајот на 2026 година да биде завршен поголем дел од коридорот. Коридорот 8 нема никаква врска со пречките на кои се наиде за пругата од овој проект“, изјави Николоски.

Освен делот од Кичево до Охрид, Коридорот 8 го опфаќа и делот од Гостивар до Кичево, кој минува низ Букојчани. Според министерот Николоски, делницата Кичево-Букојчани се очекува да почне да се гради напролет 2025 година, додека следната година се очекува да почне со делницата од Букојчани до Гостивар, по завршување на експропријацијата и проектирањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ