петок, 18 октомври 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Ресурси

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Како и сите општества заробени во неолибералниот глобализам, така и апсурдистанското се соочуваше со сериозниот проблем на исцрпување на природните ресурси. Верно, Апсурдистан немаше да понуди ниту литиум за батерии, ниту благородни метали за проводници и полупроводници; врпочем, дури ниту прасиња и компири за стомаци и полустомаци. И така, неумоливото прашање на човечкото битисување, кое го мачи овој род уште од кога тој, за некоја беља, наместо за носење рогови, главата почнал да ја користи за поставување прашања, ги притисна апсурдистанските граѓани со сета своја жестина: „од што да се живее?“

Откако сите видови на енергија и материјални ресурси беа темелно разгледани од физичарите и хемичарите, без задоволителен резултат, на сцена стапи Метафизичката управа која во својата целомудреност гледаше отаде физиката и отаде хемијата, отаде ограниченото, материјалното и конечното. А таму, секако го здогледа она кое е бесконечно и неисцрпно. Имено, Метафизичката управа ја откри глупоста — и навистина, таа беше неисцрпна и сеприсутна во Апсурдистан.

Тогаш Апсурдистан доживеа економски бум. Апсурдистанските граѓани можеа да се развозуваат со нивните автомобили кои работеа на глупост, да дремат на нивните паметни телефони и да киснат пред нивните телевизори напојувани од глупост, можеа да купуваат и да плаќаат се со глупост, од сметки до одмори, се облекуваа раскошно во глупост по најнова мода…

Меѓутоа, целата работа со глупоста пропадна кога еден опозициски лидер ја обвини владеачката партија, поставувајќи го сериозното прашање од каде му одеднаш на Апсурдистан толку неисцрпна глупост? Бидејќи Апсурдистан беше демократско општество, а да се биде демократско општество значеше дека Сонцето мора да изгрева на запад, ветрот да дува од север, на одмор да се оди на југ, а од исток не смее да доаѓа ништо (освен Баба Рога, на која меѓутоа и онака не ѝ даваме виза) — антикорупционерите мораа да го истражат потеклото на глупоста во Апсурдистан, а дотогаш Апсурдистан мораше да увезува сигурна и проверена глупост од своите верни и солидарни стратешки партнери за да преживее. Се разбира, под мошне поволни услови. Се испостави дека се што и ним им останало како ресурс е — неисрцпна глупост.

Граѓанинот Шљупков одамна не се прашуваше за потеклото на глупоста — ниту во својата глава, ниту надвор од неа. Нему, имено, главата му служеше само за носење рогови. Како во старите добри времиња!

Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ