четврток, 31 октомври 2024

Решавачки ден за ставање под контрола на пожарот над Пустец, изјави градоначалникот

Пожарот на Сува планина во Националниот парк „Преспа” во општина Пустец, Мала Преспа беснее и натаму, иако со послаб интензитет. Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски кој заедно со префектот на Корча,  Нертил Јоле беа во Горица, рече  дека денешниот ден „ќе биде најодлучувачки, како што предвидуваат специјалците од заштитените подрачја и противпожарната служба”.

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 80 припадници на противпожарните единици  од повеќе општини од округот , армијата и волонтери од Горна Горица се вклучени во гаснењето“, изјави Колефски.

Според него, во овие моменти, интензитетот на пламените јазици е намален како резултат на интензивната работа на сите ангажирани,  кои работеле и во текот на ноќта.

„Според добиените информации   под контрола се ставени околу 5-6 километри, линеарна линија.  Комунициравме и со Националната агенција за цивилна заштита на Албанија, со македонската страна и со другите партнери кои ја изразија својата подготвеност да помогнат. Се надеваме дека нема да биде потребно и на крајот пожарот ќе го ставиме под контрола“, рече Колефски.

Префектот Јоле рече дека во секој случај, се во континуирана комуникација со властите, Министерството за одбрана, особено со министерот, со Дирекцијата на Националната агенција за цивилна заштита.

„Се надеваме  дека нема да има потреба од ангажирање на европскиот механизам за воздушна интервенција. Но, доколку има таква потреба, ќе добиеме поддршка и гаранции да ја обезбедиме оваа услуга со цел да се заштити една од најбогатите шумски области на нашиот регион и на цела Албанија“, рече Јоле.

Пожарот во НП „Преспа” беснее седми ден, а зафатената површина надминува 200 хектари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ