сабота, 19 октомври 2024

РЕС нуди до 40% пониски цени на струја

Фирмата за снабдување со електрична енергија РЕС нуди до 40% пониски цени од моменталните на пазарот, што е од особено значење посебно за малите потрошувачи.

Објавено на

часот

Сподели

Ресторани, работилници, салони за убавина и други мали бизниси можат да добијат значително поевтина електрична енергија и пониски сметки  за нивните деловни објекти доколку се снабдуваат преку РЕС.

Новите цени на пазарот за мали потрошувачи изнесуваат 13,38 денари по KWh  без ДДВ, додека понудата на РЕС е пониска и до 40%.

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply) моментално има 1.000 клиенти, од кои 650 се мали потрошувачи, и секој од нив добива најефтино, сигурно, стабилно и еколошко снабдување со електрична енергија.

РЕС беше и најголем снабдувач на стопанството на слободниот пазар во 2023 година, како што беше наведено во годишниот извештај на Регулаторна комисија за енергетика, а балансната група во 2024 година е значително зголемена.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ