среда, 23 октомври 2024

Републиканците во долниот дом на Конгресот тврдат дека Бајден извршил прекршоци за отповикување

Републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес објавија денес извештај во кој тврдат дека претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден извршил прекршоци поради кои може да биде отповикан, односно дека тргувал со влијание за лично и богатење на своето семејство преку зделки со странство кои почнале во 2014 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот на 291 страница, составен од три одбори на Претставничкиот дом, се наведува дека Бајден профитирал од шема на тргување со влијание за лично да се збогати, како и членови на неговото семејство преку зделки со странство кои почнале кога Бајден бил потпретседател на САД, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека Бајден го искористил своето влијание за да обезбеди неговиот син, Хантер Бајден, да оствари корист во бизнис односи со партнери од Украина, Кина, Русија и други земји.

Ројтерс пишува дека не е јасно дали претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон ќе закаже гласање за отповикување на Бајден до претседателските избори на 5 ноември.

Дури и која Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците, би усвоил таква одлука, малку е веројатно дека Бајден ќе биде отповикан од функцијата, бидејќи би морал да биде отповикан и во Сенатот на Конгресот кој е под контрола на демократите.

Бајден, кој се повлече од кампањата за резибор на 21 јули, треба да замине од функцијата кога неговиот наследник ќе положи заклетва на 20 јануари.

Демократите сметаат дека обидот на републиканците да го отповикаат Бајден претставува одмазда за тоа што демократите во Претставничкиот дом два пати го отповикаа Трамп, но Сенатот одбиваше да го направи тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ