сабота, 27 јули 2024

Републиканците: Нема подобар симбол на слободата од тоа да именуваме аеродром по Трамп

Патниците кои пристигнуваат во главниот град на Соединетите Американски Држави наскоро би можеле да слетуваат на Меѓународниот Аеродром Доналд Трамп ако неколку посветени републикански пратеници успеат во својата идеја, која, по сè изгледа, сепак е однапред осудена на пропаст.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поддржувачите на Трамп во Претставничкиот дом оваа недела предложија иницијатива за преименување на главниот аеродром во Вашингтон во знак на почит кон поранешниот претседател кој се натпреварува за враќање во Белата куќа.

Аеродромот во моментов го носи името на Џон Фостер Далес, државен секретар од педесеттите години на минатиот век, додека вториот аеродром во градот, помалиот, е наречен по поранешниот претседател Роналд Реган. Конгресменот Гај Решенталер, заменик претседателот на пратеничката група на републиканците во Претставничкиот дом, кажа дека го иницирал менувањето на името бидејќи Трамп, како што кажа, е најдобриот претседател во неговиот живот.

„Бидејќи милиони домашни и меѓународни патници минуваат низ аеродромот, нема подобар симбол на слободата, напредокот и силата отколку да слушнат „Добредојдовте во меѓународниот аеродром Трамп“, додека слетуваат на американско тло“, кажа Решенталер.

Тешко е да се поверува дека иницијативата ќе успее бидејќи поддршката на републиканците во долниот дом е неизвесна, а демократите и онака го контролираат Сенатот. Кампањата следеше веднаш по први април и предизвика потсмев кај демократите.

„Далес е стар, грд аеродром кој никој не сака да го види. Затоа мислам дека ова е добра идеја“, кажа демократскиот конгресмен Брендан Бојл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ