петок, 26 јули 2024

Република Српска ги „казнува“ државите кои гласаа за резолуцијата за Сребреница

Министрите од Република Српска во Советот за министри на Босна и Херцеговина го блокираа усвојувањето на одлуката со која на државјаните на Словенија, Полска и Романија би им се дозволило гласање во дипломатските претставништва на тие земји, веројатно како одмазда за поддршката на резолуцијата за Сребреница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од Советот за министри на БиХ соопштија дека во тоа тело во два круга гласање „не е постигната согласност“ да им се дозволи организирање на гласање за Европскиот парламент и на локалните избори во амбасадите и конзулатите на Словенија, Полска и Романија, без објаснување кој гласал за а кој против одлуката која обично рутински се носи.

„Ве предупредивме дека резолуцијата за Сребреница ќе има негативни последици во БиХ. Ги игнориравте тогаш нашите ставови и аргументи. Сега преземете ја одговорноста и навикнете се на ваков однос кон земјите кои ја поддржаа срамната резолуција“, кажа министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Сташа Кошарац.

Словенија, Полска и Романија беа меѓу 84 држави од 193 кои на седницата на Генералното собрание на ОН во мај ја поддржаа резолуцијата за Сребреница.

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конамковиќ постапката на српските министри во Советот на министри на БиХ ја нарече цивилизациски срам, тврдејќи дека зад неа стои претседателот на Република Српска Милорад Додик. Кошарац му одговори дека виновник за блокадата е бошњачката политика, а не Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ