петок, 14 март 2025

Република Српска донесе нацрт на нов устав, пишува дека може да се здружува со други држави

Народното собрание на Република Српска синоќа усвои нацрт устав на ентитетот на Босна и Херцеговина и закон за заштита на уставниот поредок на РС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За нацрт уставот гласаа 50 пратеници, додека осум беа против. На предлог на претседателот на народното собрание Ненад Стевандиќ е усво3ен и заклучок за прифаќање барања за арбитражно решавање спорови. Исто така е одлучено нацрт уставот на РС да се стави на јавна расправа во траење од 30 дена.

Во нацртот се наведува дека овој ентитет има право на самоопределување и дека може да се здружува во сложени државни заедници со федерално и конфедерално уредување со соседни и други држави или групи држави.

Според овој предлог, како што изјави главната секретарка на претседателот на РС Јелена Пајиќ Баштинац, ефикасно се штити уставниот поредок и се предвидува формирање специјално обвинителство и специјален суд на РС.

Од канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во БиХ стигна реакција на одлуката на собранието на РС.

„Усвојувањето на законот за заштита на уставниот поредок на Република Српска претставува директен и смислен напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Со еднострано воспоставување на паралелни правосудни институции под директна контрола на народното собрание на Република Српска флагрантно се занемарува надмоќта на државното законодавство и се настојува да се спроведат закони кои привремено се ставени надвор од сила со привремените мерки на уставниот суд на БиХ.

Ова не само што го покажува очигледното непочитување на уставниот суд од страна на властите на РС, туку претставува и сериозно кршење на Дејтонскиот мировен договор и уставната рамка на Босна и Херцеговина, што отвора нови случаи на кривична одговорност за оние кои ги спроведуваат овие дејства“, соопшти ОХР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ