сабота, 27 јули 2024

Репортери без граници поднесоа тужба до Хашкиот суд за воени злосторства против палестинските новинари

Репортери без граници (РСФ) денеска поднесоа нова тужба до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за „воени злосторства извршени од Израел врз новинари“.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Тие бараат од обвинителот да ги истражи злосторствата извршени против најмалку девет палестински известувачи во периодот од 15 декември до 20 мај, како и истрага за убиствата на повеќе од 100 новинари во Газа на 7 октомври, се вели во соопштението на РСФ.

Исто така, се повторува барањето до обвинителот да го почитува членот 15 од Римскиот статут на МКС и да ѝ даде приоритет на истрагата за злосторствата на израелската армија врз новинарите во Газа од почетокот на војната.

„РСФ поднесе трета тужба до Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, бидејќи бројот на новинарите убиени од израелската армија во Газа продолжува да расте откако ја премина границата од 100, истребувајќи ги палестинските медиуми“, се вели во соопштението.

Претходните две тужби беа поднесени на 31 октомври и 22 декември.

Сите новинари споменати во тужбите се убиени додека биле на работна задача.

„РСФ има разумни основи да верува дека некои од овие новинари биле намерно убиени, а другите биле жртви на намерни напади врз цивили од страна на израелската армија“, се додава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ