Овој успех е продолжение на позитивниот тренд во сите четири квартали од минатата година и се должи на континуираниот раст на приходите од продажба на домашниот, како и на странските пазари. Притоа, приходите од продажбата на домашниот пазар се зголемени за 48% во однос на 2023 година, достигнувајќи 492 милиони денари (8 милиони евра). Во истиот период, приходите од продажбата на странските пазари забележаа раст од 18%, достигнувајќи вредност од 1.427,6 милиони денари (23,2 милиони евра). Најзначаен раст е забележан на пазарите во Југоисточна Азија (62%), регионот на ЗНД (22%) и Југоисточна Европа (24%).
„Овие резултати се доказ за посветеноста на нашиот тим и ефикасноста на нашата развојна стратегија. Во 2025 влегуваме со нова енергија и дополнителен мотив да продолжиме да создаваме вредност за вработените, акционерите и потрошувачите. Наша цел останува да го зајакнеме портфолиото на производи, да инвестираме во модернизација и да продолжиме да градиме цврсти односи со нашите партнери. Уверени сме дека со овој континуиран раст ќе продолжиме да придонесуваме за развојот на македонската економија“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на Реплек АД.
И во 2025 година Реплек АД влегува со амбициозни планови за натамошно зголемување на продажбата на странските и на домашниот пазар, на иновациите во своето портфолио на производи, како и на значителни вложувања во технолошкиот напредок и во развојот и добросостојбата на своите вработени кои се дел од долгорочна стратегија за одржлив раст и развој на компанијата.
Кoмерцијален текст