сабота, 27 јули 2024

Ренџерите на НП Маврово се сомневаат дека лица со црн џип подметнале пожар, потрагата продолжува

Информацијата дека вчерашниот пожар во Маврово кај месноста Чавкарник бил подметнат од лица кои по планината Бистра се возеле со црн џип денеска за МКД.мк повторно ја потврдија ренџерите на Националниот парк. Тие велат дека вчерашната потрага по нив завршила без резултат, но дека акцијата продолжува.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР официјално велат дека претставници од Националниот парк Маврово во полицијата во Маврово пријавиле дека на падините на Бистра, кај месноста Чавкарник, настанал пожар за кој се сомневаат дека е подметнат. Била опожарена сува трева и со ангажирање на екипи од НП Маврово пожарот бил спречен да се шири кон шумскиот појас и веќе е изгаснат.

Потрагата по црниот џип продолжува.

                                                                                                                                                                      А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ