сабота, 27 јули 2024

Рената Дескоска именувана за член на Венециската комисија, Јетон Шасивари за заменик-член

Владата на предлог на министерот за правда ja именува професорката Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија, a професорот Јетон Шасивари за заменик член.

Објавено на

часот

Сподели

„Венецијанската комисија е орган на Советот на Европа и е составена од независни експерти кои се признати и познати по нивното искуство во демократските институции и по нивниот придонес во уставното право и политичкиот систем, со задача да дава правни совети во форма на правни мислења на нацрт закони или закони кои се веќе донесени во одредени земји.

Улогата на Венецијанската комсија е  да обезбеди правно мислење за нејзините земји-членки и особено да им помогне на државите кои сакаат да ги усогласат законите со европските стандарди и меѓународното искуство во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ