„Венецијанската комисија е орган на Советот на Европа и е составена од независни експерти кои се признати и познати по нивното искуство во демократските институции и по нивниот придонес во уставното право и политичкиот систем, со задача да дава правни совети во форма на правни мислења на нацрт закони или закони кои се веќе донесени во одредени земји.
Улогата на Венецијанската комсија е да обезбеди правно мислење за нејзините земји-членки и особено да им помогне на државите кои сакаат да ги усогласат законите со европските стандарди и меѓународното искуство во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, се вели во соопштението на Министерството за правда.