сабота, 27 јули 2024

Ремзи е трагичар на Ренџерс, Ајнтрахт ја освои Лига Европа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ајнтрахт Франкфурт е новиот освојувач на Лига Европа, а со тоа германскиот тим обезбеди и место во Лигата на шампионите за следната сезона.
 
Двата тима вечерва одиграа изедначен натпревар кој најреално беше да се решава на пенали.
 
По мирното прво полувреме, резултатот го отвори Арибо во 57. минута кој постигна гол по една грешка на фудбалерите на Ајнтрахт и донесе водство на Ренџерс од 1-0.
 
 
Но радоста на шкотскиот тим не траеше долго, во 69. минута по една убава асистенција од Костиќ, Боре најдобро се снајде и израмни на 1-1.
 
 
Со тој резултат завршија 90. минути, а немаше погодок ниту во продолженијата, па пеналите требаше да го решаваат победникот.
 
А во нив трагичар беше ѕвездата, Арон Ремзи кој беше единствениот во пенал серијата што промаши. 
 
 
На крајот радоста на Ајнтрахт беше голема, преку Бундеслигата тие немаа изборено ниту место во Европа, но како шампиони на Лига Европа следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ