Манчестер јунајтед поведе со гол на Зиркзе во 57. минута од натпреварот.
13 минути подоцна Ојарзабал од пенал го изедначи резултатот на 1-1, што беше и конечен исход од овој меч.
Фенербахче загуби на свој терен со 3-1 од Ренџерс, па во Глазгов ќе имаат невозможна мисија за да поминат понатаму.
Ренџерс поведе уште во седмата минута со гол на Десерс, а Фенербахче изедначи преку Џику во 30. минута.
На три минути пред крајот на првото полувреме Черни ја врати предноста на Глазгов, овојпат од 2-1, а истиот фудбалер во 81. минута ги постави конените 3-1 за шкотскиот тим.
Гостинска победа од 3-1 славеше и Лион кај ФКСБ во Романија, а АЗ Алкмар со 1-0 го совлада Тотнем.