Елиф Елмас доби шанса од првата минута на дербито против Милан, но македонскиот репрезентативец го одигра само првото полувреме кое росонерите го добија со 2-0.
Жиру со гол во 22. минута го отвори резултатот, а само девет минути подоцна тој постигна уште еден погодок за предност и од 2-0.
На полувремето Гарсија направи три замени и очигледно тоа вроди со плод.
Во 50. минута Политано намали на 2-1, а во 63. минута Распадори со прекрасен шут од слободен удар изедначи на 2-2.
Завршните неколку минути Милан ги играше со фудбалер повеќе откако Натан заработи втор жолт картон во 89. минута.