Силекс и Брегалница одиграа дуел со шанси, но без голови. Двата тимаа имаа убави можности за да дојдат до трите бода, но реализацијата затаи.
Во првиот дел Вебстер и Андерсон не реализираа за Брегалница. Особено беше голема шансата на Андерсон кој од идеална можност не успеа да донесе водство за својот тим.
Силекс беше подобар во второто полувреме, Марко Ѓорѓиевски имаше две одлични можности за гол, ја погоди и пречката, но патот до мрежата никој не го пронајде.
Утре на програмата се преостанатите пет натпревари: Гостивар – Струга, Македонија ЃП – Тиквеш, Шкендија – Воска, Шкупи – Работнички, Вардар – Брера.