петок, 18 октомври 2024
Голем успех на македонската теаквондистка

Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка! (ВИДЕО)

Македонската теаквондистка, Мила Рељиќ направи голем успех откако во првото коло од Олимписките игри ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс.

Објавено на

часот

Сподели

Џонс важеше за голема фаворитка во борбата, но Рељиќ имаше одлична борба и направи изненадување победувајќи со 2-1.

Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:6, а клучен беше еден удар со нога некаде на 20-тина секунди пред крајот на борбата.

Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда која беше максимално израмнета (1:1) и припадна на македонската претставничка поради поголемиот број удари.

Следна противничка на Рељиќ ќе биде Летиција Аоун од Либан борбата е денеска околу 15:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ