сабота, 27 јули 2024

Рекордно високи температури во Индија

Рекордна температура од 49,9 степени е забележана вчера во Њу Делхи, главниот град на Индија, соопшти државната метеоролошка служба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Индиската метеоролошка служба, која укажува на „силни топлотни бранови“, ја забележа оваа рекордна висока температура на две станици во предградијата на Њу Делхи, Нарела и Мунгешпур.

Слични температури се очекуваат и денеска.

Во мај 2022 година, индиските медиуми објавија дека во некои делови на главниот град биле забележани 49,2 степени.

Високите температури се вообичаени во Индија во текот на летото, но според истражувачите, климатските промени доведуваат до подолги, почести и поинтензивни топлотни бранови.

Властите во Њу Делхи исто така предупредија на ризикот од недостиг на вода бидејќи жителите се задушуваат од жештините. На некои места веќе имало прекини на вода.

Министерката за води Атиши Марлена повика на колективна одговорност на жителите да не ја трошат водата, објави денеска Тајмс оф Индија. Во некои области се воведени рестрикции за вода.

Индиската метеоролошка служба предупреди на влијанието на топлината врз здравјето, особено на новороденчињата, постарите лица и оние кои боледуваат од хронични болести.

Истовремено, државите Западен Бенгал и Мизорам на североистокот на земјата се погодени од силен ветер и обилни дождови кои го придружуваат силниот циклон Ремал, кој во неделата ги погоди Индија и Бангладеш, при што загинаа повеќе од 38 лица.

Метеоролошката служба на Бангладеш потврди дека овој циклон е еден од најдолгите што ги има земјата, имајќи предвид дека климатските промени се одговорни за неговото продолжено траење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ